19 Април, 2024
0.0295

Популизам или решение: Поделени мислења за владината лотарија со фискални сметки

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Главна награда е стан и дуќан, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил. Планирани се ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори. Владината лотарија со фискалните сметки ја разбранува јавноста. Мислењата на граѓаните се поделени, од крајно позитивни, па се до оние кои сметаат дека со ваквите лотарии се потценува интелектот на македонските жители. Како што појаснуваат надлежните, фискалните сметки ќе почнат да се собираат од први декември, а првото извлекување е пред Нова година. Вкупно ќе има 9 кола, а за учество ќе треба да се пратат 20 собрани фискални сметки, независно од сумата на нив. Наградната игра ќе се плажа од џебот на граѓаните, односно од буџетот, а ќе ја организира Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии. Мотото е „Фискална во рака – награда без мака“, а идејата е да се подигне јавната свест за граѓаните за се мотивираат да бараат фискални сметки. Фискалните сметки, беа и повод за препукувања меѓу власта и опозицијата, па политичките партии си префрлаат чиј предлог бил подобар, оној на опозицијата за поврат на 15% од платениот ДДВ или сегашниот на власта за награда игра со фискални сметки. Во јавноста се отвора дебата – станува ли збор за популизам или пак во прашање е неможност на државата сама да се справи со наплаќање на даноците. Државната лотарија со фискалните сметки за опозицијата е владино признание дека постои проблем со наплатата на даноците, но и дека предлогот на СДСМ со кој граѓаните би можеле да си повратат 15% од платениот ДДВ , бил одбиен само затоа што доаѓал од опозицијата, смета лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Според него, откако власта увидела дека токму тој предлог на опозицијата предизвикал голем интерес кај граѓаните сега бара начин како да го модифицира и претстави како свој, но наместо да го прифати добриот предлог на СДСМ, според Заев сега се прави лошо решение од кое корист ќе имаат малкумина, наместо сите граѓани како што предлагаше опозицијата. „Жалам што се такви – никакви. Наместо да прифатат добро решение и да го спроведат предлогот со кој секоја фискална ќе сметка значи добивка за граѓанинот, толку насушно потребна во ова време на криза, тие спроведуваат некаква наградна игра. Со наградната игра добиваат неколкумина, а со нашиот предлог за поврат на 15% од платеното ДДВ добива секој. Јасно е дека најмногу пари трошат тие што и најмногу ги имаат, а денеска и врапчињата знаат дека сите пари се во власта. Така што и Сашо Мијалков и Никола Груевски ќе имаат можност да добијат ако го имплементираат решението на СДСМ, изјави Зоран Заев, за Фактор. За миностерот за финансии Зоран Ставрески пак, ова е начин за спрелување на лојалната конкуренција. „Очекуваме да се мотивираат и заинтересираат граѓаните за добивање фискални сметки секаде каде што пазарат и добиваат услуги, да соберат 20 фискални сметки и ги стават во плико. Граѓаните може да учествуваат неограничен број пати во наградната игра. Измените се цел да се намали даночната евазија, да се спречи или намали нелојаната конуренција, односно да создадеме поздрава конкуренција меѓу субјектите во стопанството и да се зголеми свеста кај сите за издавање и добивање фискални сметки“, изјави вчера министерот за финансии Зоран Ставрески.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите