ПОРАДИ КОРОНА ПОД ПРАШАЛНИК И ЕВРОСОНГ - ќе има ли шоу во мај во Ротердам
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2020
Годинашното издание на популарното музичко шоу Евросонг е планирано да се одржи кон средината на мај во Ротердам, но како што пренесуваат холандските медиуми, постои шанса тоа да не се случи. Причината за ова е коронавирус кој се повеќе се шири низ цела Европа и ја загрозува безбедноста на луѓето, пренесува Слободна Далмација.
После минатогодишната победа на Данкан Лоренс со песната „Аркада“, Холандија треба да биде домаќин на популарниот музички натпревар по петти пат, кој со нетрпение чекаат фановите од цела Европа. Сепак, се чини сомнително дали ќе биде случајот оваа година или дали натпреварот може да се одложи.