Поради лажна потврда за вакцинација си го убил семејството, а потоа се убил и себеси
Објавено во: Свет 07 Декември, 2021
Во Германија, маж ја убил сопругата, трите деца и себеси поради лажна потврда за вакцинација.
Маж во Сенциг, место во близина на Берлин, Германија, ја убил својата сопруга и трите мали деца, а потоа и себеси, затоа што лажирал потврда за вакцинација и се плашел дека децата ќе му бидат одземени кога ќе биде откриена измамата. Во саботата полицијата во семејна куќа јужно од Берлин најде тела на двајца возрасни на возраст од 40 години и три деца на возраст од четири, осум и десет години. Во проштално писмо кое го пронашла полицијата мажот навел дека ја лажирал потврдата за вакцинација на својата сопруга. Родителите биле учители, а се наведува дека семејството било во карантин поради зараза од коронавирус.