ПОРАДИ ОДЛУКАТА НА ТРАМП ЗА ИРАН: На Боинг му одлетаа милијарди долари

Објавено во: Свет 09 Мај, 2018 19:38
Со одлуката за повлекување на САД од нуклеарниот договор со Иран американскиот претседател Доналд Трамп загрозува повеќе милијарди долари вредни договори на Боинг.
Таа авиокомпанија има договор за обновување на иранските застарени комерцијални авио-флоти, оценува ТВ мрежата CNBC.
Најголемата светска воздухопловна компанија има договори за продажба на авиони на ирански авиокомпании во вредност од околу 20 милијарди , според каталошка цена.
Сепак, бројот на договорени авиони за Иран е мал во однос на вкупната книга порачки на Боинг, кој првиот квартал оваа година заврши со неизвршени порачки за повеќе од 5 800 авиони, меѓу кои се повеќе од 4 600 порачани модели 737.
Боинг соопшти дека не ги вклучил иранските договори во својата книга нарачки, така да податокот поврзан за неисполнети порачки останува непроменет.
Меѓутоа, како додава CNBC, европскиот ривал на Боинг Ербас ги вклучил своите договори со ирански авио компании во своите порачки.
„После денешната објава на (претседателот Трамп) ќе се консултираме со американската влада за наредните чекори“, наведува Боинг во соопштението проследено до медумите доцна синоќа.
Акциите на компаниите го завршиле трговскиот ден на берзата во пад за 0,6 посто.
Трамп, вчера објави дека ќе ги обнови санкциите за Иран, кои биле укинати со договорот од 2015 година, откако Иран се согласи на ограничување на нуклеарната програма, што овозможило договор на бизнис со ирански авио-компании.
Можеби ќе ве интересира
ПОРТПАРОЛОТ НА ИРАНСКИТЕ СИЛИ ДО САД: Mу дозволувате на вашето бесно куче да извршува злосторствa

„ТРАМП ДОЛЕВА МАСЛО НА ОГНОТ“: Се огласи Кина за улогата на американскиот претседател во односите меѓу Израел и Иран

ИРАН УДРИ ТОЧНО НА МОСАД – РЕКЕТИРАН ОПЕРТИВНИОТ ЦЕНТАР НА ИЗРАЕЛСКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Гори оган во центарот на Тел Авив

НЕШТО СТРАШНО СЕ ПОДГОТВУВА, ТРАМП ПОВИКУВА НА ИТНА ЕВАKУАЦИЈА ОД ТЕХЕРАН: „Сите треба веднаш да го напуштат градот!“

КОЈ Е ПОМОЌЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Како се споредуваат во воена сила?

ПАДОТ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИМ ЌЕ ГО СМЕНИ ЦЕЛИОТ СВЕТ: „Ќе има големи проблеми“

ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ? Ердоган го предупреди Нетанјаху

Гроси: Постои можност за радиолошка и хемиска контаминација во објектот Нетанц
