29 Март, 2024
0.0471

Поради семејно насилство избега од земјата и сака да бара азил во странство

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Саудиската девојка која во странство бега поради семејно насилство, сепак нема да биде депортирана дома. 

18-годишната Саудијка, која побегна од нејзиното семејство, а потоа беше „заглавена“ на аеродром во Бангкок на нејзиниот пат кон Австралија, нема да биде вратена во Саудиска Арабија против нејзината волја. Ова го соопштија денеска тајландските власти.

Рахаф Мохамед ел Канун денеска се сретна со претставници на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), каде што побарала да не се враќа назад кај нејзиното семејство.

„Мојот живот е во опасност. Семејството се заканува дека ќе ме убие поради тривијални работи“, истакнала Рахаф.

Таа тврди дека е жртва на физичко и психичко насилство од членови на семејството и стравува за својот живот доколку се врати дома.

Сака да оди во Австралија, каде има намера да побара азил.

Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија ги негираше нејзините тврдења дека нејзиниот пасош бил одземен во саудиската амбасада, со објаснување дека таа всушност била запрена на аеродромот поради кршење на тајландските закони за имиграција.

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ НА МОМЧЕ: Еден од терористите претходно бил осуден во Таџикистан

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Сопственикот на Телеграм доби предупредување од Кремљ по терористичкиот напад во Москва

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

Лавров: Мировниот план предложен од Украина е бесмислен

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?