Поради снегот шлепери „заглавени“ кај Деве Баир
Објавено во: Македонија 22 Март, 2018
Oколу 60 возачи на шлепери се „заглавени“ осум часа на граничниот терминал Ѓуешево на македонско-бугарската граница.
Терминалот не е исчистен од снежните врнежи и најверојатно ќе останат таму до рано наутро, велат возачите. Апелираат надлежните служби да се вклучат во решавање на проблемот затоа што како што велат се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.
Возилата кои минуваат на терминалот од Македонија кон Бугарија се движат непречено.