ПОРАДИ ВАС ГО ПРОТЕРУВАМЕ НОВАК-ОБЈАВИ ПРЕМИЕРОТ НА АВСТРАЛИЈА: Ѓоковиќ е закана за цела држава
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2022
И Австралискиот
премиер Скот Морисон го коментираше укинувањето на визата за Новак Ѓоковиќ, откако
таа одлука ја донесе министерот за имиграција Алекс Хок.
Во кратката изјава, Хок објасни дека визата на Ѓоковиќ е укината поради „јавен интерес и здравствената состојба“ во Австралија, а потоа се огласи премиерот Скот Морисон.
-Ме информираа дека по внимателно разгледување, одлучено е да се укине визата на г. Ѓоковиќ од медицински и други причини, односно од јавен интерес. Оваа пандемија беше многу тешка за секој австралиски граѓанин, но држејќи се заедно успеавме да спасиме животи. Заедно успеавме да постигнеме силна економија, голем број вакцинирани и мал број смртни случаи од коронавирус. Австралијците направија многу жртви поради пандемијата и имаат право да очекуваат да бидат заштитени. Затоа министерот му ја откажа визата на Ѓоковиќ. Нашата политика на влез во земјата не спаси за време на пандемијата“, додаде Морисон.
Премиерот на Австралија рече и дека повеќе нема да се огласува на оваа тема, бидејќи судската постапка е во тек, што би требало да значи дека Новак Ѓоковиќ и неговиот адвокатски тим веќе поднеле жалба. Веќе е познато дека имаат четири опции и дека планот им е се да биде подготвено до недела.
Австралија опен започнува на 17 јануари, но доколку Новак биде депортиран, можеби никогаш повеќе нема да игра во Мелбурн.