ПОРАКА ОД ПРОТЕСТОТ: Против народ никој не може
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018
Граѓаните кои петти ден по ред протестираат пред Собранието, порачаа дека против народ никој не може.
Извикуваат „Македонија, Македонија“. Велат дека од една предавничка тајфа народот е доведен до ѕид.
„Нашиот глас ќе стигне со секој, не е важно од каде е испратен. Сакаат од нас сакаат да создадат фашистичка творба, дете од епрувета да создадат. Нема тоа да го дозволиме“- рече Солза Грчева од Глас за Македонија.
Таа порача дека нема да се одродиме од Македонците кои живеат во соседството.