Поранешен директор на МЕПСО во куќен притвор за лажно вештачење
Објавено во: Финансии 08 Октомври, 2018
На Сашо Василевски, кој е познат како поранешен финансиски директор на МЕПСО, му е одредена мерка за претпазливост - куќен притвор поради тоа што се понудил лажно да вештачи на судење.
Како регистриран судски вештак побарал од сопственик на винарска визба 2.000 евра за да стави потпис на економско вештачење.
Сопственикот на визбата го пријавил, па поранешниот директор, се уште вработен во МЕПСО, викендов е фатен со бележани банкноти и заработи пријава за примање поткуп.