ПОРАНЕШЕН КОМАНДАТ НА ОВК ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Требаше да сведочи во Хаг
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2021
Фадиљ Суљевичи, поранешен
косовски полицаец и екс-командант на нелегален затвор на ОВК кај месноста
Матичан, е пронајден мртов. Како што наведуваат медиумите од соседството
безживотното тело на Суљевичи било пронајдено вчера кај езерото Бадовац во
близина на Приштина.
Информацијата ја потврди и косовската полиција од каде информираат дека добиле дојава дека тело на непознат маж, кој подоцна бил идентификуван како Фадиљ Суљевичи, било на патот што води кон езерото Бадовац.
Истрагата е во тек, откако на лице место дошла екипа на Итната медицинска помош заедно со јавен обвинител. Инаку, за него имаше потерница која ја издаде Србија и го бараше Интерпол.
Тој беше на листата на сведоци на Хашкиот трибунал но нема детали за кои предмети требаше да сведочи против поранешни команданти на ОВК.ФОТО/Bota Sot