Поранешни јавни функционери утре ќе гласаат од дома
Објавено во: Македонија 19 Април, 2019
Голем број поранешни јавни функционери утре ќе гласаат еден ден порано од другите и тоа од дома. Причината е тоа што во моментов се во куќен притвор
Станува збор за поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски, поранешниот член на ДИК Бедреден Ибраими, некогашниот владин секретар Кирил Божиновски, екс-градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, своевремено министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков