09 Декември, 2023
0.0264

ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ГРАДСКИ ПАРКИНГ ЌЕ ГИ „СТРОИ“ ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА - се воведе нова функција, Национален координатор за унапредување, еве колкава е платата

Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Нова функција се додава во Владата. Имено, мноштвото национални координатори за одредени работи, нешто што пред неколку години дури и не постоеше како функција или беше многу ретко, сега ќе се надополни со уште еден.

Обично овие функции национален координатор за одредена работа се даваат на кадри кои порано имале одредени силни позиции во извршната или во локалната власт, но од одредени причини биле сменети од тие места, па на овој начин им се наоѓа ангажман, но и солидна плата.

Па така, пред неколку дена во Службен весник осамна решение од Владата за именување на Национален координатор за унапредување на работата на јавните претпријатија.

Не е дека не треба да се унапреди работата на јавните претпријатија во земјава, бидејќи тие со години наназад покажуваат хронично слаби резултати во работењето, а од друга страна книжат бројни загуби и долгови. Раководните лица во јавните претпријатија се меѓу најдобро платените, а нивниот учинок низ годините наназад, чест на исклучоците, е прилично слаб.

Многу влади и собранија наназад донесоа бројни закони и нови правила на игра, токму со цел да се оптимизира работењето на јавните претпријатија и тие да престанат да бидат бунар без дно за трошење на државни и општински пари, но ниту едно од овие решенија не се покажа како успешно.

Останува да видиме дали тоа ќе му успее на новиот Национален координатор за унапредување на работата на јавните претпријатија.

Инаку, од Владата навеле во своето решение дека овој национален координатор го именуваат врз основа на член 36, став 6 од Законот за Влада.

А, на оваа позиција доаѓа Борче Јакимовски, кој функцијата ќе започне да ја врши сметано од први октомври 2022 година.

За овој свој ангажман Јакимовски ќе зема над 90 илјади денари, со оглед што коефициоентот му е 3,3 или три просечни плати, односно ако на крајот на јули просечната плата била 31.812 денари, значи по три тоа е над 90 илјади денари веројатно во бруто износ, со тоа што треба да се има предвид дека на овој износ се засметува и исплатениот персонален данок.

Инаку, на јавноста Јакимовски и е познат по тоа што е кадар на Демократскиот сојуз и долги години беше директор на едно јавно претпријатие, а тоа е Градски паркинг. Тој е член на Демократскиот сојуз од 2000 година, а сега е и член на потесното претседателство на партијата на Павле Трајанов. Во мај 2010 година бил избран за директор на ЈП Градски паркинг, а мандатот му истече во август 2018 година, по што престана да ја врши функцијата.

За воља на вистината, касата на претпријатието ја остави во плус, односно, според полугодишниот извештај од почеток на јануари до крај на јуни 2018 година, ЈП Градски паркинзи Скопје оствари добивка од 103.699 милиони денари за половина години и чист профит од безмалку 20 милиони денари. Сепак јавното претпријатие во приходите добило субвенција од основачот Град Скопје во висина од 15 милиони денари.

Инаку, во Службен весник може да се види и одлука за измени на Одлуката за утврдување коефициенти за пресметување на платата на владините функционери, а чија поента се состои во тоа што покрај сите други национални координатори, се додава и оваа функција – национален координатор за унапредување на работата на јавните претпријатија, и се наведува дека неговиот коефициент ќе изнесува 3,3 просечни плати.

Владата во моментов, како што стои на нејзината веб страница има 10 национални координатори за различни потреби, а има и тројца в.д заменици национални координатори.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„СЕУШТЕ НЕ СЕ ИСКОРИСТЕНИ СИТЕ ПРАВНИ ЛЕКОВИ, НО ВЕРУВАМ ДЕКА БРЗО ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН“ - Лога вели дека неколку пати Правда испратила документи во Турција

„СЕУШТЕ НЕ СЕ ИСКОРИСТЕНИ СИТЕ ПРАВНИ ЛЕКОВИ, НО ВЕРУВАМ ДЕКА БРЗО ЌЕ БИДЕ ЕКСТРАДИРАН“ - Лога вели дека неколку пати Правда испратила документи во Турција

Анѓушев до антикорупционерката Ивановска: Не сум сопственик на ЕУРОНИКЕЛ (ФЕНИ), каде на други места давате неточни податоци за мене?

Анѓушев до антикорупционерката Ивановска: Не сум сопственик на ЕУРОНИКЕЛ (ФЕНИ), каде на други места давате неточни податоци за мене?

ПЕТМИНА ВОЗРАСНИ И ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА СЕ ЗАТРУЛЕ СО ХЛОР ВО ХОТЕЛСКИ БАЗЕН ВО ОХРИД - надлежните го расчистуваат случајот

ПЕТМИНА ВОЗРАСНИ И ДВЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА СЕ ЗАТРУЛЕ СО ХЛОР ВО ХОТЕЛСКИ БАЗЕН ВО ОХРИД - надлежните го расчистуваат случајот

СО СИЛА, СО ЗАКАНИ И СО ПИШТОЛ КОН ВРАБОТЕНАТА - тројца не толку млади скопјани одзеле 1.300 евра од обложувалница

СО СИЛА, СО ЗАКАНИ И СО ПИШТОЛ КОН ВРАБОТЕНАТА - тројца не толку млади скопјани одзеле 1.300 евра од обложувалница

ЛАТАС: СВОЕВРЕМЕНО И ЈАС ИМАВ УПЛАТЕНО ЗА СТАН КАЈ ПАЛЧО, 10.000 ДОЛАРИ - но се откажав кога видов дека сум трети на список за истиот стан, никогаш не ми ги врати парите

ЛАТАС: СВОЕВРЕМЕНО И ЈАС ИМАВ УПЛАТЕНО ЗА СТАН КАЈ ПАЛЧО, 10.000 ДОЛАРИ - но се откажав кога видов дека сум трети на список за истиот стан, никогаш не ми ги врати парите

НАЈМНОГУ СЕ ЈАВУВАЛЕ ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, АМА НЕКОИ И НЕ БИЛЕ БАШ ИТНИ - еве зошто вчера најмногу ѕвонеле во ЦУК

НАЈМНОГУ СЕ ЈАВУВАЛЕ ЗА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, АМА НЕКОИ И НЕ БИЛЕ БАШ ИТНИ - еве зошто вчера најмногу ѕвонеле во ЦУК

ПОЛИЦИЈАТА ГО РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ ВО КАРБИНЦИ, НЕМА КРИВИЧНО ДЕЛО - но, што кажал 20-годишникот

ПОЛИЦИЈАТА ГО РАСЧИСТИ СЛУЧАЈОТ ВО КАРБИНЦИ, НЕМА КРИВИЧНО ДЕЛО - но, што кажал 20-годишникот

УШТЕ ЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ОД НОВИНАРОТ ЛАТАС: Нема ниту еден доказ дека во киднапирањето е замешан таткото на девојчето

УШТЕ ЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ОД НОВИНАРОТ ЛАТАС: Нема ниту еден доказ дека во киднапирањето е замешан таткото на девојчето

ДАЛИ ВАЊА БИЛА СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ ВО ПОДРУМОТ НА ЗГРАДАТА - од Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација

ДАЛИ ВАЊА БИЛА СТАВЕНА ВО ВРЕЌА ЗА СПИЕЊЕ ВО ПОДРУМОТ НА ЗГРАДАТА - од Обвинителството не ја потврдуваат оваа информација