Поранешното момче раскажа за врската со Меланија Трамп
Објавено во: Свет 18 Мај, 2018
Откако нејзиниот сопруг помина низ рацете на медиумите за бројните афери, на тапет се најде и првата дама, Меланија Трамп.
Петар Бутолн, новинар од Словенија бил во врска со сегашната прва дама на САД, Меланија Трамп додека таа живеела во Словенија. Тој за медиумите ги откри сите детали за нивното запознавање, но причината зошто се разделија.
-Во врска бевме три месеци. Заврши училиште и летото беше пред нас. Во тоа време целата екипа се собираше на Тромостовје. И Меланија дојде со својата екипа. Јас одев во гимназија, а таа беше во средно училиште за дизајн. Јас имав 18 ипол, а таа 17 години. Љубљана е мала, сите се знаевме, и нормално дека веднаш ќе го заприметиш новото лице во друштвото, вели тој.
-Беше убава, витка, јас малку се напив и го направив првиот чекор. Така почна. Одев по неа во станот. Беше тоа мал стан, едноставен. Таму живееше со сестрата Инес, која беше четири години постара од неа. Прво живееја со татко им во изнајмен стан, а тогаш татко им купи стан. Таа два пати беше во мојот стан. Ни беше убаво, младешки. Нашето дружење прекина бидејќи морав да служам во Јастребарск. Оттогаш не се слушнавме, рече Бутолн.