ПОРАСНА БРУТО ПЛАТАТА: Неколку сектори ги движат напред примањата
Објавено во: Економија 21 Септември, 2018
Просечната месечна исплатена бруто-плата во јули годинава во земјава била 35 322 денари, a нето платата е 24 072 денари.
Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2018 година, во однос на јули лани е 106.0. Ваквото зголемување е поради зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (25.1 %), Информации и комуникации (15.6 %) и Објекти за сместување и
сервисни дејности со храна (12.0%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %), Преработувачка индустрија (2.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (1.3 %).
За споредба, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2018, изнесува 24 509 денари. Еден месец претходно, во април 2018, таа изнесувала 23 942 денари.