ПОРАСНАЛЕ ПЛАТИТЕ: Анѓушев кажа кога ќе стигнеме до 500 евра
Објавено во: Економија 19 Јули, 2019
Се зголемиле платите во Македонија, покажуваат статистичките податоци.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 25 270 денари и таа е за 3,1 отсто поголема од мај 2018 година. Овој податок го објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во мај била 37 520 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (10.0 %), Градежништво (7.4 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (7.2 %).
Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16.5 %), Градежништво (3.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (3.6 %).
Согласно динамиката на раст, просечната плата до крајот на мандатот ќе биде 30.000 денари, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Државата ќе продолжи да го стимулира стопанството да ги зголемува платите за да работниците да бидат задоволни, вели тој.