ПОРАСТ И НА ЗАРАЗЕНИТЕ, И НА РЕИНФИЦИРАНИТЕ И НА ПОЧИНАТИТЕ - здравствениот систем е на готовс

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2022
Во официјалните статистики на земјава се бележи зголемување на бројките на заразени со коронавирусот во однос на претходната недела.
Од 10 до 16 јануари регистрирани се 11 илјади нови позитивни случаи од 35 градови и тоа е зголемување за речиси 34 отсто споредено со претходната недела. Во таа бројка на потврдени заразени се и 1.247 реинфицирани граѓани. За истата оваа категорија во претходниот извештај од Институтот известиле за потврдени 946 реинфекции, па така, во поновиот извештај бројките скокнале за 31 отсто.
Во втората недела од јануари починале 55 пациенти и тоа во 15 градови, или има раст од 34 проценти поголеми отколку во недела од 3 до 9 јануари.
Инаку, во земјава во тој период секвенционирани се 96 примероци од позитивни пациенти, и кај 57 од нив е откриено дека станува збор за Омикрон, што изнесува 60 отсто. Напливот на многу нови пациенти повторно го стави на готовс целиот здравствен систем во земјава.
Можеби ќе ве интересира
ДОДЕКА СЕ СУДИМЕ, ДЕЦАТА ЌЕ ПОЧНАТ ДА ОДАТ ВО ШКОЛО: Како ќе се решава проблемот со градинките, неизвесноста се поголема

ПОПЛАДНЕ ОЧЕКУВАЈТЕ НЕВРЕМЕ: Времето денес и за викенд

Кај украинските бегалци расте интересот за изучување на македонскиот јазик

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелација за Џафери, Левица ќе даде поддршка

Го прегазиле, го ограбиле и го оставиле во слепа улица по што починал

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека обвинителството не можеше да најде ништо спорно кај Мицкоски

Славчо Попоски најавува невреме и можни локални поплавувања

КОЛКУ Е БОГАТ ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ПРЕМИЕРОТ - Мартин Попов пријавил две куќи, но на родителите, а има и возило, два депозити, но и кредит
