29 Март, 2024
0.0331

Покрената дисциплинска постапка против инспекторот кој ги откри „професорските напредувањата“ на Адеми и Нухиу

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber


Покрената е дисциплинска постапка против просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој откри во јавноста дека владините функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули се стекнале непрописно со повисоки стручни звања на Тетовскиот државен универзитет додека биле на должност, објави Факултети.
Тој на 19 јули треба да се појави пред дисциплинска комисија во Државниот просветен инспекторат, а постапката е покрената од Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а истата е одобрена од директорот на ДПИ, Томе Спировски.
Наводно Илиевски направил нецелосно утврдена фактичка состојба при извршен инспекциски надзор во Универзитетот во Тетово; но и за неовластено давање информации во јавноста на одлуки кои немаат правосилност и конечност, односно не смеел „да ја изнесе без согласност од директорот“.

- Доставив целокупна документација до Народен правобранител, од каде што побарав нивен претставник да биде присутен за време на комисијата. Истото ќе го побарам и од Хелсиншкиот комитет за човекови права. Вчера доставив барање и до Државната комисија за спречување корупција да бидам заштитен. Јавноста треба да знае како се води случајот, зашто станува збор за јавни функционери. Ако јас не ги изнесев сознанијата до кои дојдов при инспекцискиот надзор во Тетово, ќе бев соучесник во криминално дело. Ме штити и Законот за укажувачи - вели Илиевски. 


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница