29 Март, 2024
0.0499

Порталите бесплатно ќе користат информации на МИА за изборите

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

На денешната заедничка прес-конференција првиот човек на МИА, Драган Антоновски откри дека сите интернет медиуми кои ќе го почитуваат Кодексот на новинарите на Македонија и Повелбата за етичко известување ќе добијат бесплатен пристап до сите информации на МИА за Македонија во наредните три месеци. Идејата е на овој начин да се подобрат професионалните новинарски стандарди.

„Во име на нивно подигнување, во сопирање на пропагандата, дезинформирање и лажните вести сите портали кои сакаат да пренесуваат точни и проверени информации ќе може да бидат наши корисници бесплатно“ истакна директорот на МИА, Антоновски.

Првите луѓе на СЕММ и ЗНМ, Марина Тунева и Насер Селмани ја поздравија ваквата иницијатива на МИА. „Заедничката порака што ја испраќаме денеска е дека ги повикуваме медиумите да дејствуваат како стожери на јавниот интерес и да работат во согласност со највисоките стандарди на професијата“ рече Тунева.

Ваквата понуда од МИА ја поздравуваме и поддржуваме, вели Селмани, бидејќи таа е во согласност со заложбите на ЗНМ за објективно и професионално известување. Дополнително, според него, на овој начин ќе се засили саморегулацијата во медиумите и ќе се создаде амбиент во кој непрофесионалните новинари сами ќе се обележат и изолираат“.

Заинтересираните веб портали за да добијат бесплатен пристап до вестите ќе треба да се пријават во МИА за да можат да добијат пристап до нивниот сервис.


Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница