ПОРТОКАЛОВ МЕТЕОАЛАРМ: Невреме ќе го зафати регионот
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2019
Силно невреме ќе го зафати регионот. На сила е портокалов метеоаларм.
Ќе биде погодена Србија, најавија метеоролозите.
„Наредните два часа на подрачјето на земјата се можни и врнежи од град“, предупредуваат метеоролозите.
Се очекува најсилниот ветер да помине низ подрачјето на Белград, Банат и Поморавие.
Од авто мото сојузот на Србија ги предупредуваат возачите да внимаваат на патиштата поради ветерот кој што може да им попречи во сообраќајот, да внимаваат на паднати дрвја или одрони по патиштата.
Иако според Хидрометеоролошкиот завод во Србија денес се предвидени максимални 21 степени највисоки во Белград и околината. Сепак тие тешко ќе можат да се почувствуваат поради огромната брзина на ветерот кој достигнува и до 30 метри во секунда.
Во неколку делови од Белград веќе започнало невремето, а забележани се и грмежи.
Дува и слаб и умерен, јужен ветер.