23 Ноември, 2020
0.0212

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

Во пет чекори го победија коронавирусот

Во пет чекори го победија коронавирусот

Овие 17 симптоми укажуваат дека сте заразени со коронавирусот

Овие 17 симптоми укажуваат дека сте заразени со коронавирусот

КОГА ЌЕ ИМА НОВА ПАНДЕМИЈА, ЗА 20 ИЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ - Бил Гејтс со нови прогнози

КОГА ЌЕ ИМА НОВА ПАНДЕМИЈА, ЗА 20 ИЛИ ЗА ТРИ ГОДИНИ - Бил Гејтс со нови прогнози

Ројтерс ексклузивно: Германскиот нацрт закон за информатичка безбедност се стреми кон консензус за ризиците на продавачите на телекомуникациска опрема

Ројтерс ексклузивно: Германскиот нацрт закон за информатичка безбедност се стреми кон консензус за ризиците на продавачите на телекомуникациска опрема

ДОБРА ВЕСТ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ - вакцината на Оксфорд е ефкасна 70 отсто

ДОБРА ВЕСТ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ - вакцината на Оксфорд е ефкасна 70 отсто

Две милијарди дози вакцина против Ковид-19 за сиромашните земји

Две милијарди дози вакцина против Ковид-19 за сиромашните земји

Меркел омилена меѓу Германците, почитувана во светот: Канцеларката одбележа 15 години власт

Меркел омилена меѓу Германците, почитувана во светот: Канцеларката одбележа 15 години власт

НАЈНОВА СТУДИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЏОН ХОПКИНС: Научниците откриваат поголем број новозаразени и повеќе смртни случаи во кластери каде има деца

НАЈНОВА СТУДИЈА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЏОН ХОПКИНС: Научниците откриваат поголем број новозаразени и повеќе смртни случаи во кластери каде има деца

КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ: Руската Спутник тврди дек нејзината вакцина ќе биде многу поевтина од онаа на Фајзер и Модерна

КОЛКУ ЌЕ ЧИНИ: Руската Спутник тврди дек нејзината вакцина ќе биде многу поевтина од онаа на Фајзер и Модерна