15 Август, 2020
0.0203

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

Русија започна со производство на првата вакцина против Ковид-19

Русија започна со производство на првата вакцина против Ковид-19

По „Ковид летот“ носењето маска стана задолжително во Финска

По „Ковид летот“ носењето маска стана задолжително во Финска

Поради една заразена жена, цела држава е ставена во карантин

Поради една заразена жена, цела држава е ставена во карантин

Во месо увезено од Бразил имало коронавирус, открија Кинезите

Во месо увезено од Бразил имало коронавирус, открија Кинезите

Зошто некои пациенти полесно, а други потешко се борат со коронавирусот?

Зошто некои пациенти полесно, а други потешко се борат со коронавирусот?

Во Кина вирусот стигнал од Еквадор

Во Кина вирусот стигнал од Еквадор

Вреќи со огномет имало во пристаништето во Бејрут?

Вреќи со огномет имало во пристаништето во Бејрут?

ВИРУСОТ ИМ СЕ ВРАТИ: Внесен е преку смрзната храна?

ВИРУСОТ ИМ СЕ ВРАТИ: Внесен е преку смрзната храна?

КРИЗА ВО БЕЛОРУСИЈА: Светлана Тихановскаја избега во Литванија

КРИЗА ВО БЕЛОРУСИЈА: Светлана Тихановскаја избега во Литванија