20 Јуни, 2021
0.0190

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

Пожар во Полска „проголта“ десетици куќи и уништи 30 згради

Пожар во Полска „проголта“ десетици куќи и уништи 30 згради

(ФОТО+ВИДЕО) ВАКВО НЕШТО НА КРИМ НЕ СЕ СЛУЧИЛО 100 ГОДИНИ: Eден човек загина во поплави, а 24 се повредени

(ФОТО+ВИДЕО) ВАКВО НЕШТО НА КРИМ НЕ СЕ СЛУЧИЛО 100 ГОДИНИ: Eден човек загина во поплави, а 24 се повредени

Кулминираше гневот во Бразил, протести во 44 градови поради бавната набавка на вакцини

Кулминираше гневот во Бразил, протести во 44 градови поради бавната набавка на вакцини

Ги блокираат телефоните на тие што не сакаат да се вакцинираат

Ги блокираат телефоните на тие што не сакаат да се вакцинираат

ИНДИСКИОТ СОЈ ЗЕМА ЗАМАВ: Британија за еден ден има над 10.000 заразени

ИНДИСКИОТ СОЈ ЗЕМА ЗАМАВ: Британија за еден ден има над 10.000 заразени

Самохрана мајка загина на работа oткако ја здроби голема машина

Самохрана мајка загина на работа oткако ја здроби голема машина

Една година боледуваше од коронавирусот и почина

Една година боледуваше од коронавирусот и почина

Што треба да знаеме за индискиот сој на коронавирусот?

Што треба да знаеме за индискиот сој на коронавирусот?

Мечка во град нападна тројца мажи и една постара жена

Мечка во град нападна тројца мажи и една постара жена