18 Јануари, 2020
0.0169

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Макрон евакуиран од театар поради демонстранти

(ВИДЕО) ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Макрон евакуиран од театар поради демонстранти

(ФОТО+ВИДЕО) Делови од Австралија се борат со поплави

(ФОТО+ВИДЕО) Делови од Австралија се борат со поплави

(ВИДЕО) Американец покажа што се случува ако два часа стоите на - 26 степени

(ВИДЕО) Американец покажа што се случува ако два часа стоите на - 26 степени

КИНА СТАРЕЕ: Работноспособното население се „топи“

КИНА СТАРЕЕ: Работноспособното население се „топи“

ХОРОР ВО ИСЛАНД: Најдени се смрзнати тела на туристи

ХОРОР ВО ИСЛАНД: Најдени се смрзнати тела на туристи

Западните земји се слаби за да ги фрлат Иранците на колена, тврди Хамнеи

Западните земји се слаби за да ги фрлат Иранците на колена, тврди Хамнеи

Силни земјотреси погодија две земји во светот

Силни земјотреси погодија две земји во светот

Со него сакаат да одат на месечината 20 илјади жени - јапонскиот милијардер Маезава пред тежок избор

Со него сакаат да одат на месечината 20 илјади жени - јапонскиот милијардер Маезава пред тежок избор

Ова видео го отсликува ужасот во Австралија: Се возите додека околу вас беснеат пожари

Ова видео го отсликува ужасот во Австралија: Се возите додека околу вас беснеат пожари