29 Јули, 2021
0.0261

ПОРТОКАЛОВ СТАТУС: На Европа и се заканува нова вулканска ерупција од Исланд

Објавено во: Свет 19 Август, 2014

Постојат зголемени шанси да еруптира вулканот Бардарбунга на Исланд. Исландската влада вчера го промени статусот на вулканот кој се наоѓа под најголемиот глечер во „портокалов“ што значи дека ризикот од ерупција и облаци од пепел е зголемен. Станува збор за втор степен на ризик од вкупно пет. За сега не постојат знаци на ерупција, но не може да се исклучи дека сегашната активност нема да резултира со експлозивна субглацијална ерупција, која би довела до голема емисија на пепел. Бардарбунга лежи 700 метри под мраз и за пробие низ него ерупцијата треба да биде многу силна. Ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјалајокул во 2010 година влијаеше на повеќе од 10 милиони патници во авионскиот сообраќај и чинеше 1,7 милијарди долари. Ако сега дојде до нова ерупција, постојат неколку можни сценарија. Првата опција е ерупцијата да биде премногу слаба за да предизвика проблеми. На ова подрачје ерупција се случи и во 1996 година и таа не го проби мразот. Понатаму, би можела да го пробие мразот, но да предизвика мал облак на пепел кој ќе доведе до минимален прекин на авионскиот сообраќај. Една од опциите е да се повтори ерупција слична на онаа во Ејафјалајокул, што значи дека Европа би можела да се соочи со голем прекин во авионскиот сообраќај. И на крај, постои мала можност ерупцијата да биде исклучително силна, при што главен проблем не би бил прекинот на воздушниот сообраќај, туку огромното влијание врз климата и земјоделството во целата северна хемисфера.  

Можеби ќе ве интересира

КОВИД ЌЕ ИСЧЕЗНЕ ДО ЕСЕН - Британија го достигна имунитетот на стадо, бројот на заразени опаѓа седум дена по ред

КОВИД ЌЕ ИСЧЕЗНЕ ДО ЕСЕН - Британија го достигна имунитетот на стадо, бројот на заразени опаѓа седум дена по ред

Светот ќе биде вакциниран кон крајот на 2024 година?

Светот ќе биде вакциниран кон крајот на 2024 година?

СЗО потврди дека смртноста од коронавирусот се зголеми за повеќе од 20 отсто

СЗО потврди дека смртноста од коронавирусот се зголеми за повеќе од 20 отсто

НАД 3.000 ЗАРАЗЕНИ ВО ТОКИО: Меѓу нив нема спортисти

НАД 3.000 ЗАРАЗЕНИ ВО ТОКИО: Меѓу нив нема спортисти

НАЈНОВА СТУДИЈА ОТКРИВА: Дали се зголемува ризикот од згрутчувањето на крвта по втора доза на вакцината АстраЗенека?

НАЈНОВА СТУДИЈА ОТКРИВА: Дали се зголемува ризикот од згрутчувањето на крвта по втора доза на вакцината АстраЗенека?

Италија ја одобри вакцината на Модерна за деца од 12 до 17 години

Италија ја одобри вакцината на Модерна за деца од 12 до 17 години

РАЗЛИКАТА ВО СМРТНОСТТА ПОМЕЃУ МЛАДИ И СТАРИ Е ДРАСТИЧНО НАМАЛЕНА: Зошто голем број вакцинирани починаа од ковид?

РАЗЛИКАТА ВО СМРТНОСТТА ПОМЕЃУ МЛАДИ И СТАРИ Е ДРАСТИЧНО НАМАЛЕНА: Зошто голем број вакцинирани починаа од ковид?

КОЛИЧИНАТА НА ВИРУС КАЈ ВАКЦИНИРАНИТЕ ЗАРАЗЕНИ СО ДЕЛТА Е СЛИЧНА СО НЕВАКЦИНИРАНИТЕ - и тие можат да ја шират болеста

КОЛИЧИНАТА НА ВИРУС КАЈ ВАКЦИНИРАНИТЕ ЗАРАЗЕНИ СО ДЕЛТА Е СЛИЧНА СО НЕВАКЦИНИРАНИТЕ - и тие можат да ја шират болеста

ИЗЛЕЗЕ НОВОТО УПАСТВО ЗА НОСЕЊЕ МАСКИ: Во САД стануваат задолжителни дури и за вакцинираните

ИЗЛЕЗЕ НОВОТО УПАСТВО ЗА НОСЕЊЕ МАСКИ: Во САД стануваат задолжителни дури и за вакцинираните