24 Јануари, 2025
0.0419

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ќе биде и политичар и ќе продава вино во слободно време

Објавено во: Економија 10 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и објавувач на голем број на потврдени и непотврдени афери на претходната власт, Димче Арсовски, станува бизнисмен со продажба на вино на познати угостителски објекти.

Гласноговорникот на владеачката партија од минатиот месец со новорегистрираната фирма „Династико“ и закупен магацински простор во подрумот на Градски трговски центар - Скопје започнува со трговија на големо со пијалоци.

- Тоа е познат бренд на вино од локални винари, кои се добри во својата работа, а јас само ќе им помогнам да се пробијат на пазарот, затоа што имам добри контакти со угостителите и хотелите. Веќе имам договорено неколку познати угостителски и туристички објекти во Скопје, но и ќе се обидам да го пробијам овој премиум бренд пошироко. Се работи за таканаречената „хорека“ продажба, што значи дека овој производ нема да биде продаван во малопродажбата, односно во маркетите. Понатаму имам планови да го проширам бизнисот и да вклучам и други брендови, како и друг тип на алкохол, вели Арсовски.

Тој вели дека истовремено е вработен во својата партија, но дека тоа не го спречува да отвори и свој бизнис како претприемач и управител на фирма. Според Арсовски, тука нема да има конфликт на улоги.

- Јас останувам во политиката и тоа за мене е приоритет. Тоа што ќе застапувам винарија не значи дека нема да бидам активен во политиката. Истовремено фигурирам како вработен во ВМРО-ДПМНЕ и во моментов со партијата ги разгледуваме можностите како најдобро би можел да помогнам во иднина, додава Арсовски.

Арсовски стана познат во јавноста во изминатите шест години со објавување во јавноста на индиции за криминал, злоупотреби, како и докази за коруптивно работење. Во последно време повеќе се посвети во организирањето на работата на партијата. 

- Ова не е активност поврзана со градежништво или фотоволтаици па да поттикне одредена сомнеж, или пак да се кријам зад друго лице. Се е јавно објавено. Ова е само еден добар гест од моја страна да помогнам некому за кој знам дека има голем потенцијал, тврди Арсовски.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи

„ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ - до каде е тајванската инвестиција во Македонија

„ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ - до каде е тајванската инвестиција во Македонија