26 Април, 2024
0.0278

Посетете го СИМА 2019 - саемот за земјоделие кој ги соборува сите рекорди

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Ве покануваме да го посетите врвниот саем за земјоделие СИМА. И овој пат саемот СИМА ги соборува сите рекорди. Саемот се одржува од 24.2. до 28.2.2019 година во Париз. Целиот изложбен простор е пополнет. Имаме 114 нови изложувачи (40% повеќе од 2017г.), од кои 12,5% се странски изложувачи. Затоа со право можеме да кажеме дека сме неизбежен саем и важен настан за професионалните земјоделци ширум светот! 

ОВОЈ САЕМ Е МЕСТО КАДЕШТО СЕ СРЕТНУВААТ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ 

СИМА е саем каде конвергираат сите видови на земјоделство и производители ширум светот. За овогодишниот саем СИМА очекуваме 1.770 изложувачи од 42 земји, 230.000 посети на професионалци од 135 земји и 360 странски делегации. Бројот на странски изложувачи постојано се зголемува. Овој пат забележавме раст од 12,5%. Нови компании изложуваат и нови брендови. Компаниите „Poclain Hydraulics“ - Франција, „GKN Valterscheid“ - Германија и „Basak Tractor“ – Турција, и други. 

ПАЗАР ЗА СВЕТСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВО СЕТА СВОЈА РАЗЛИЧНОСТ 

СИМА 2019 е посветена на иновации за поконкурентно земјоделство - СИМА „Иновација за конкурентно земјоделство“. Го претставуваме денешното земјоделство во сета своја разноликост. Богата содржина со фокус на бизнисот.  „SIMA African Summit“ е меѓународен собир чија цел е запознавање на сите брзорастечки пазари во Африка.  На „SIMA Dealers Day“ ги носиме дилерите од целиот свет.  „Тркалезни маси“ кадешто се дискутира за предизвиците и подобрувањата во земјоделството (органско земјоделство, агрономија, итн.)  „Start-up Villages“, за дигитални и мрежни решенија во земјоделството.  „SIMAGENA“, добиток, генетика, одгледување. 

ОДИМЕ ГЛОБАЛНО 

Ние го промовиравме саемот СИМА 2019 глобално, преку својата мрежа од 49 канцеларии и претставници, и преку внимателно избрани посетители коишто доаѓаат од 90 земји. Фокусот е на Источна Европа и Латинска Америка. Оваа година очекуваме посетители од 135 земји. „ СИМА е наш прозорец кон светот. Тоа е единствена можност за сите оние коишто живеат од одгледување или од земјоделство да дојдат и да ја видат најразновидната палета на машини, опрема и технологија. На секој од нашите излагачи му пружаме можност да се сретне со земјоделците од целиот свет со различни култури и коишто одгледуваат житарки, билки или нешто друго. Мислам дека со сигурност можеме да кажеме дека повторно ќе имаме многу успешен саем СИМА“, рече Фредерик Мартин, Претседател на АКСЕМА и СИМА. 

Уште нешто, на линкот https://badge.simaonline.com/accueil.htm?super_code=ARCADRI19)можете да се регистрирате и да добиете една бесплатна влезница. 


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет