19 Април, 2024
0.0260

Посети во „ГЕНТЕРМ“ и „АСП-ПАК“ на агенда на Стопанската комора на Македонија

Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, денес ќе ја посети компанијата „Гентерм Северна Македонија“ во Прилеп -  членка на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство во рамки на Советот на странски инвеститори при Комората. Koмпанијата на американскиот гигант од автомобилскиот сектор „Гентерм“ произведува клима-системи за греење и ладење на седишта и управувачи, електроника и кабли за големите автомобилски брендови, како што се „Форд”, „Џенерал Моторс”, „Тојота”, „Лексус” и „Киа“.

По посетата, делегацијата на Стопанската комора на Македонија ќе присуствува на настанот „Избираме најуспешни битолчани за 2019 година“ во организација на „Битолски весник“, како единствено локално печатено гласило кое се одржа во живот толку долг период и веќе 57 години претставува „сведок и хроничар на Битола“.

На 29 февруари 2020 година, делегацијата на Стопанската комора на Македонија ќе ја посети и компанијата „АСП-ПАК“ – Охрид, успешна извозна компанија, која е една од водечките производители на плетени мрежи со најразлични апликации во Европа. Производството на плетени мрежи за пакување на овошје и зеленчук, на мрежи за заштита на овоштарници и градежни места и декоративни мрежи, опфаќа палета од преку 400 различни производи. „АСП-ПАК“, 99% од своето производство го пласира на пазарите во земјите на Бенелукс, Франција, Германија, Шпанија, Португалија, Австрија, Хрватска, Грција, Чешка, Полска, Швајцарија, Израел и во земјите од Западен Балкан.


Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година