21 Јануари, 2025
0.0244

„Пошо токму промената на Уставот е клучна за масовната иселеност во Западна Македонија“ - еве што кажа Мојсоска од Левица

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Со приближувањето на изборите, се заострува изборната реторика меѓу политичките активисти, но и функционерите. 

По најавите на Арбен Таравари кој ќе ја трча претседателката „трка“, дека клучно е внесувањето на Бугарите во Уставто, но и отстранувањето на 20 те проценти за албанскиот јазик, со контрааргументи се јави претставничката на „Левица“, Јована Мојсоска. 

Таа укажа дека политичарите и понатаму најголем акцент ставаат на услови кои очигледно не го спречуваат егзодусот, или поточно масовното иселување од земјава. 

Еве што напиша Мојсоска на Фејсбук: 

Таравари најави дека двете главни точки на неговата програма за Претседател ќе се:

1. Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот

2. Отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик

Пошо токму промената на Уставот е клучна за масовната иселеност во Западна Македонија (само Струга од пописот во 2002 година има изгубено 20% од своето население и тоа се нашите најдобри умови во кои државата инвестирала!). Дури и трагикомично е кога пратениците од ДУИ кажуваат како Албанците живееле мачно пред 2001 година.

Па, токму после 2001 година и Рамковниот договор масовен егзодус се случи во Западна Македонија! И тоа не е поради Уставот (што го сведоа на тоалетна хартија), туку поради ваквите партии кои додека ја еродираат државата со корупција, партизација и криминал - беседат за некаква европска иднина.

Ниту една тн партија на Албанците НИТУ ЕДНАШ не се солидаризира со националните прашања на Македонците, ама затоа први се да клеветат за некаков фамозен македонски национализам?!

Едно е јасно, дека Санстефанска Бугарија и Голема Албанија одат рака под рака (како во времето на Втора светска војна) и ниту една партија - освен Левица - не собра храброст јавно да застане против ваквиот експлицитен необализам и неоврховизам!

 
Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

Ресторан Аntica со тага се прости од Бојан

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

МИЦКОСКИ ОД ВАШИНГТОН: Лобираме за македонските интереси

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

На 66-годишна возраст почина прим. д-р Мирјана Петровска, специјалист по анестезиологија со реаниматологија во Клиничката болница ,,Аџибадем Систина“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ТАРАВАРИ ОД ВАШИНГТОН:„Најголемите светски лидери се собрани овде“

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

ПАЛЕВСКИ ПОДНЕСЕ ПРИГОВОР ЗА ЛИСТАТА НА ДОКАЗИ: Три дена пред убиството, обвинетите со автомобилот на Панче поминале кај зградата на Вања

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Првиот училишен ден во 2025 во Скопје заврши неславно, децата пуштени дома

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Такер Карлсон, кој правеше интервјуа со Путин и Лавров

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

„ЗЕМААТ ПАРИ ЗА АМОРТИЗАЦИИ, ЗА ПАТАРИНИ, КАКО ДА ВОЗАТ НА КЕРОЗИН“: Левица бара нова измена на Законот за пратеници

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски

ЗА ГРУБИ, ЗА МИЈАЛКОВ, ЗА ДРИН МЕХМЕТИ...Еве што вели обвинителот Коцевски