29 Март, 2024
0.0253

Поскапеа ски-билетите во бугарските зимски центри

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Познатите бугарски зимски одморалишта Банско, Боровец и Пампорово, кои се омилена дестинација на огромен број македонски туристи, оваа скијачка сезона ќе ја почнат со поскапи билети за ски-лифтовите.

Како што јавуваат бугарските медиуми, иако во последниве три години повеќето ски- центри ги држеа цените на дневните ски- карти на исто ниво (освен некои корекции на полудневните карти), официјално објавените тарифи на концесионерите на ски зоните во Банско, Боровец и Пампорово-„Јулен“ , „Бороспорт“ и „Пампорово“, покажуваат дека тие оваа сезона ќе поскапат. Во Боровец и Пампорово дневната карта за ски- лифт оваа сезона ќе чини 58 лева, во споредба со 55 лева претходната година. Во Банско зголемувањето е повисоко- еднодневната карта сега ќе чини 65 лева во споредба со 58 лева лани.

Зголемувањето исто така ги опфаќа и различните карти што концесионерите ги нудат- за половина ден, за 5 дена, за 7 дена. Така на пример петдневната карта во Банско оваа година ќе биде 315 лева, а ланската сезона чинеше 280 лева. Во Пампорово педневно користење на ски- лифтовите ќе се наплаќа 260 лева за разлика од ланските 247 лева, а во Боровец- 260 лева, односно 15 лева поскапо од лани.

Во трите одморалиштето без промена ќе остане само цената за цела сезона: во Банско таа ќе биде 1.500 лева, а во Пампорово- 1.880 лева. И оваа година Боровец нуди две опции на сезонски карти- ски карта со вклучено ноќно скијање 1.000 лева за целата зима и 500 лева само за работни денови, која вклучува ноќно возење од понеделник до четврток.

Оваа година, според официјалната прогноза на бугарското Министерството за туризам ќе се реализира туристичкиот раст во зимската сезона за 5 отсто. За зимата 2018 година, ресорот објави дека во земјата пристигнале повеќе од 1,6 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 12 отсто на годишна основа, пишува Capital.bg.



Извор-Фото: Капитал.бг

Можеби ќе ве интересира

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца