28 Март, 2024
0.0253

ПОСКАПИ ПОНУДИ ОД СОСЕДИТЕ: Како туристички агенции прават пари од аранжманите за летување?

Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Спорот со името, новите воведени туристички такси и поскапи цени од почетокот на годинава кај јужниот сосед не се пречка Македонците и ова лето да ги изберат грчките плажи за сончање. Сепак во последните неколку години она што ја револтира јавноста а и туристите од Македонија е дека се повеќе од домашните агенции нудат поскапи аранжмани.

Ако ги споредиме цените со туристичките агенции во соседна Србија доаѓаме до заклучокот дека тие нудат поевтини аранжмани во истото место и тоа за три дена повеќе.


Полихроно

Ако летувате со туристичката агенција „Сама Холидеј“ на првиот крак во грчкиот град Полихроно во Вила “НУЛИС“  која се наоѓа во централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од само 100 м. од плажа за 7 ноќевања од 7 до 14 јули во апартман 1/3 ќе треба да платите 340 евра + 20 евра за превоз за возрасни а за деца превозот е 10 евра. Во таа цена според наведеното ви следува сопствена мини кујна, тоалет, балкон-тераса, ТВ и клима уред.

Плус имате доплата за туристичка такса од 1 еур по соба од ден што се плаќа на лице место.

Дека српските агенции се поевтини ќе ви докажеме преку овој пример:

На неполни 100 км д шеталишето и плажите и на околу 200 м од центарот на Полихроно се наоѓа вилата Еродиос 2. Пред самата вила има паркинг, а поголем дел од апартманите имаат поглед на море. Имате и двор кој може да го користите, ама немате пешкири. Како и да е.

За да се сместите во оваа вила во трикреветен или 1/3+1 апартман од 1 јули до 10 јули ќе ве чини189 евра на приземје а апртман со поглед на море ќе ве чини 10 евра повеќе или 199 евра,  но без превоз. За српските граѓани превозот е од Нови Сад, Белград и Ниш и чини од 50 па до 65 евра повратна карта. 


Неа или Неос Мармарас

Неа Мармарас е мало гратче кое се наоѓа на средината од вториот крак на Халкидики, Ситонија, од западната страна, со поглед на првиот крак, Касандра. Со приближно 3.000 постојани жители, ова мало место е посветено на угостување на приближно 20 илјади туристи секоја година.


За десет ноќи од 9 до 19 јули ако летувате преку македонските туристички агенции за сместување во вилата „Sole A Mare“ која се наоѓа во центарот на Неос Мармарас која е лоцирана на главната пешачка зона во првата линија вили ќе треба да издвоите 500 евра ако сакате да имате поглед на море од двокреветно студио плус за превоз ќе си доплатите 35 евра ако сте возрасни, а за деца цената за превоз е 25 евра. 

Според наведеното сите сместувачки капацитети се опремени со модерен мебел соодветен на хотелско сместување, кујни, телевизори  и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Терасите се заштитени со тенди. Станува збор за сосема нов, совршено безбеден објект, а извонредната локација и квалитетот ја вбројуваат оваа вила меѓу топ понудите и за ова лето. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончево колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. 

Српските агенции пак во Неа Мармарас за сместување во вила Стефанос која од плажата ја делат само 80 км за двокреветно студио за 10 ноќевања во период од 9 до 19 јули бараат 430 евра без пресметан превоз.

Поскапи аранжмани и на островите

Тасос островот на сирените-најбаран меѓу туристите привлекува со изобилството на зеленило, белите прекрасни плажи, мирно тиркизно море, пријателски луѓе квалитетното вино и убавиот мед. Неверојатно за Тасос е убавината на остатоците на античкиот град кои се вклопуваат во современиот град Лименас, исто така познат како Тасос Таун.

На само 100м до најубавата плажа на островот Тасос, ве дочекува луксузната вила Катрин.

Ако решите да летувате на Тасос преку македонска агенција за престој во модерно уредени студија во вилата Катрин со еден брачен лежај и софа на расклопување, комплетно опремена кујна, ТВ, клима уред, купатило, пространа тераса (10m2) со гарнитура за седење, тенда ќе треба да издвоите околу 580 евра за девет ноќи без вклучен превоз што значи ќе треба да доплатите плус 50 евра.


За 10 ноќи пак од 7 до 17 јули преку агенциите од соседна Србија во вила Коукудис сместување во студио 1/2 чини 350 евра без превоз.


Секое студио поседува опремна кујна, купатило, тераса, LCD TV и клима. Во дворот на вилата се наоѓа и скара, а има можност и за користење на Wi-Fi . Она што треба сами да го правите во текот на престојот е да водите сметка за хигиената на апартманот, додека промената на постелнината се прави на 5 дена.

СКТМ реагира: Не е точно дека српските туристички агенции се поевтини од македонските

И покрај изјавата на Сузана Зелениковска од Фибула Травел дека конкурентите од соседството имаат поевтини цени кога се земе предвид фактот дека имаат поголеми закупи од Стопанската комора за туризам на Македонија реагираа дека српските туристички агенции не се поевтини од оние на македонските кога станува збор за летувањата во Грција.

„Тие имаат поголеми закупи и со тоа добиваат можност за поевтини цени. Имаат можност да направат поголеми туристички групи. Тоа не е спорно. Но сепак, на крајот, на самото место може да се отворат скриени трошоци, бидејќи тие имаат постојано свој претставник таму. За македонските туристи, доколку се нафатат, би можело билансот на крај да им се покаже поисплатлив, но конкурентите од Србија нас не може да не загрозат. Може имаат предност кај on-line клиентите, но стандардните муштерии, оние возрасни со деца, остануваат кај нас - рече Зелениковска .

Според СКТМ, објавените информации во порталите се дадени произволно и не се поткрепени со конкретни факти или истражување.

-Не е точно дека туристичките аранжмани во Србија се поевтини од македонските. Цените варираат зависно од видот на сместувањето и дестинацијата, реагира Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ). 


Србите пољубезни

Граѓанските искуства упатуваат на поголема љубезност од страна на српските туристички агенции.

-За летување од четири дена побаравме понуда од скопска туристичка агенција, но вработената воопшто не се заинтересира да се обиде да ни најде сместување кое ние ќе си го платиме. Едноставно полесно им е да кажат дека аранжманите се само за 7 или 9 ноќевања отколку да се обидат да не привлечат-раскажува Маја Димовска од Скопски Аеродром која посочува дека наишла на подобро разбирање и понуда од страна на агенција од Белград.

-Поуслужливо реагираа и дури се обидоа да ни најдат вила за 4 ноќевања. За разлика од агенцијата во Скопје која не сакам да ја именувам, српските се и поевтини. На начинот на кој реагираа на нашето барање само е доказ дека туристичките агенции кај нас , секако има и исклучоци, самите си создаваат одбивност ние туристите да си резервираме летување преку агенции од соседството-вели Маја која ни откри дека уште во март си резервирала летување во Грција.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка