29 Ноември, 2021
0.0224

ПОСЛЕДЕН ПАТ МИ ПИША ВО 4 ЧАСОТ ПОПЛАДНЕ, НЕ ЗНАМ ДАЛИ Е МРТВА ИЛИ ЖИВА: Роднини попусто бараат одговори

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021

Никој ништо не ни кажува, цело време вртиме на телефон, никој не ни се јавува. Мојата сопруга беше во автобусот, заедно со сопругата на мојот брат. Последен пат ми пиша во 4 часот вчера попладне, кога требало да тргнат. Од тогаш не сум и го слушнал гласот, ништо, вели Беким Алити кој од утрово е пред претставништвото на Беса транс во Скопје чекајќи информации за неговата жена. Не знае дали е жива или мртва. Вели дека ниту некој од надлежните не му кажал ништо.

„Агенцијата да ја отвори да каже. Плус бевме во амбасада и во Министерствотото. Вртевме но ништо, никој не ни дава никаква информација. Тргнаа во 4 часот, кога ми напиша кога ќе стигне. Го видов списокот но не пишува кој е жив а кој е мртов. Ако даде Бог да биде жива. Трагедија, отидоа да прошетаат и не се вратија, вели Беким Алити

Џелал Бакиу, член на семејството на Енес Бакиу, патникот во автобусот во Бугарија исто така се жали дека немаат информации за состојбата на патниците од трагичната несреќа, пишува ТВ21. Тој пред канцелариите на „Беса транс“ вели дека нема информации за неговиот 41-годишен братучед, кој во четвртокот отпатувал за Турција.

„Беше 6 часот наутро, ги видов вестите на фејсбук. Од моментот кога ја видовме оваа вест и ни текна дека таму го имаме мојот братучед. Почнавме да се интересираме, немаме информации скоро 4-5 часа. Ги побаравме броевите на „Беса транс“. Немаме информации. Тие не се јавуваат на нашите телефони. Ние немаме информации. „Како држава како министерот за надворешни работи да не информираат“, вели Џељаљ Бакиу, член на семејството на Енес Бакиу (41).


Можеби ќе ве интересира

Во четврток телата на загинатите ќе бидат донесени авионски од Бугарија

Во четврток телата на загинатите ќе бидат донесени авионски од Бугарија

Беким Хаџиу за БНТ: Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас

Беким Хаџиу за БНТ: Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас

Заев - Гаши: Постигната начелна согласност за програмските аспекти од можната соработка

Заев - Гаши: Постигната начелна согласност за програмските аспекти од можната соработка

Русковска вели дека и сопственикот на Беса Транс возел еден од автобусите

Русковска вели дека и сопственикот на Беса Транс возел еден од автобусите

Нов циклус обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Нов циклус обуки од Мотива Центарот за менаџмент образование и обука во проект поддржан од Фонд за иновации и технолошки развој

Таравари: СДСМ е нестабилна поради фракциите во неа, но има и неисполнети ветувања

Таравари: СДСМ е нестабилна поради фракциите во неа, но има и неисполнети ветувања

ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ИЗДРЖАТ СО РАБОТНИЦИ НОН СТОП БОЛНИ И ОТСУТНИ - Комората бара државата да обезбеди скрининг преку евтини тестови

ФИРМИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ИЗДРЖАТ СО РАБОТНИЦИ НОН СТОП БОЛНИ И ОТСУТНИ - Комората бара државата да обезбеди скрининг преку евтини тестови

Објавиле видеа со лажни закани за терористички напад во Скопје, полицијата ги уапси

Објавиле видеа со лажни закани за терористички напад во Скопје, полицијата ги уапси

БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД КОМПЛИКАЦИИ И ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ВИСОК: 18 Пациенти починаа, 118 се новозаразени

БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД КОМПЛИКАЦИИ И ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ВИСОК: 18 Пациенти починаа, 118 се новозаразени