ПОСЛЕДИЦА НА НАСИЛНИТЕ ПРОТЕСТИ: Во повеќе боливиски градови нема храна и бензин
Објавено во: Свет 19 Ноември, 2019
Жителите на Боливија трпат за леб поради протестите.
Жителите на неколку боливиски градови пријавиле дека имаат недостиг од храна и бензин, поради протестите на приврзаниците на соборениот претседател Ево Моралес.
Привремената боливиска Влада соопшти дека нејзините напори за снабдување на Ла Паз се соочени со предизвици, затоа што тврдат дека приврзаниците на Моралес прекинаа некои транспортни маршрути, пренесуваат американските медиуми.
Блокадата околу градот Санта Круз, исто така, ја наруши трговијата. Производителите велат дека овошјето и зеленчукот скапуваат во камионите затоа што не успеале да дојдат до пазарите.
Најмалку 23 лица загинаа во уличното насилство што се случи веднаш по спорните претседателски избори, оддржани на 20 октомври.
Моралес прогласи победа уште по првиот круг од гласањето, но неговите противници објавија дека имало изборни нерегуларности, и почнаа масовни протести. Откако беше констатирано дека, сепак, имало изборни нерегуларности, Моралес на 10 ноември поднесе оставка и замина во Мексико, каде веднаш побара и доби азил.