ПОСЛЕДНА НОВОГОДИШНА ПОРАКА ОД МЕРКЕЛ КАКО КАНЦЕЛАР: Има важна порака
Објавено во: Свет 31 Декември, 2018
Ангела Меркел за последен пат како канцеларка се обрати пред Нова година.
Таа рече дека Германија во новата година ќе преземе поголема одговорност на меѓународен план и повеќе ќе се залага за своите убедувања.
„Во наш интерес е да преземеме поголема одговорност. Проблеми како климатски промени, миграција и тероризам никој не може да ги реши сам. Станувајќи привремена членка на Советот за безбедност на Обединети нации во 2019 година, Германија ќе притиска за глобални решенија“, изјави Меркел.
Меркел, која најави повлекување од функцијата во 2021 година, вети дека ќе го зголеми буџетот за хуманитарни и развојни проекти, како и за одбраната.
„Ќе можеме да се справиме со предизвиците на нашето време само ако се држиме заедно и соработуваме со други надвор од нашите граници“, кажа Меркел.
Таа повика на поголеми соработка и солидарност во земјата.