Постапката на Антикорупциска за исплатата на лозарите заврши неславно по интервенција на судот
Објавено во: Македонија 19 Април, 2019
Само што Комисијата за спречување на корупција отвори постапка по приговор на ВМРО-ДПМНЕ за истрага на предизборна исплата на вкупно 77 милиони денари на над две илјади лозари за откуп на винско грозје винариите во стечај „Повардарие“ и „Стефанс“, истата е пред неславен крај.
Управниот суд по тужба од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој утврдил дека нема судир на интереси и ја поништи одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата по приговор на ВМРО ДПМНЕ.
Аргумент на Агенцијата беше дека членот од законот кој ги забранува овие трансакции во предизборен период е укинат од претходно.