ПОСТАВЕН УЛТИМАТУМ НА ЦИПРАС: Проширено мнозинство за договорот со Скопје или владата ќе падне!
Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2018
Партијата Независни Грциј, коалициониот партнер на партијата Сириза не отстапува од барања спогодбата со Скопје за промена на името на Македонија во грчкиот парлемант да ја ратификува проширено мнозинство од 180 пратеници, од вкупно 300 колку што ги има, наместо просто мнозинство од 151 пратеник.
Заменик министерот за сообраќај и врски на Грција Никос Мавраганис, член на Независни Грци , изјавил дека без 180 пратенички гласови „за“ таа партија ќе се повлече од власта и Владата на Ципрас ќе падне.
Мавраганис ги изнел тврдењата дека „потпис на Коѕијас на еден нацрт договор нема никаква правна вреднст“.
„Прво правната вредност на овој потпис е минимална на дури и ја нема. Второ, ваќно е дали парламентот ќе го ратификува. Трето, баравме 180 пратеници. Ако не дојдеме до 180, владата ќе падне. Ние ќе се поблече од владата“, рекол Мавраганис.
Тој смета дека, ако главната опшозициска партија Нова демократија не сака да се изјасни во парламентот за договорот со Скопје, на Грција и претстојат нови избори.