23 Април, 2024
0.0283

Постојат само две опции за Бугарија да даде зелено светло за преговори, вели Јотова

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Од Софија стигнуваат пораки во кој случај тие би можеле да го тргнат ветото за преговорите на земјава со Европската Унија. 

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова вели дека имаат  цврста и консензуална позиција кон Македонија. 

Но, според неа, Софија нема да отстапи од барањата и „постојат само две опции за Бугарија да даде зелено светло за преговарачката рамка за Северна Македонија со ЕУ, со кои треба да се вметнат бугарските барања за почитување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји“.

„Или ќе инсистираме во преговарачката рамка за Република Северна Македонија да има последно 35-то поглавје и за време на процесот на преговори да следиме дали се почитува Договорот за добрососедство или во неа да се вметнат барањата на Бугарија за почитување на Договорот“, рече Јотова.

Таа не одговори на прашањето за издадените бугарски пасоши на македонски граѓани и дали се зголемува бројот на барања.

„Имаме заедничка рамковна позиција со Владата. Сепак, има пропуст што речиси една година изгубивме да им ја објасниме позицијата на нашите европски партнери и да ги придобиеме на наша страна“, изјави Јотова за Бугарската национална телевизија (БНТ).  

Бугарија не дозволи Македонија да ги почне преговорите со Еверопската Унија. Македонската страна се надева дека ќе има промена на позицијата напролет по изборите кај соседот, но оттаму неколку пати повторија дека изборите нема ништо да сменат. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП