ПОТОП ВО СОЛУН: Улиците и куќите под вода, возачи заробени
Објавено во: Балкан 20 Септември, 2019
Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Солун, десетина куќи се поплавени, а двајца мотористи биле заробени во поплавените улици, пренесуваат гречките медиуми.
Пожарникарната служба примила повеќе од 150 повици, а од 17 куќи морале да испумпуваат водат, пренесе Екатимерини.
Во текот на бурата од четвртокот вечерта, службеници на пожарникарната служба евакуирале седум лица од поплавени домови на подрачјето на Ефкарпије.
Двајцата возачи биле заробени во надејдената вода, а како што се наведува еден се извлекол од поплавата, додека друг побарал помош од полицијата.
Сообраќајот во Солун се одвива забавено, а имало и неколку судири поради лизгавите патишта.
Фото: Екатимерини