ПОТОП ВО СПЛИТ, УЛИЦИТЕ ПОД ВОДА ОД ПОРОЈНИТЕ ДОЖДОВИ: Патиштата низ Далмација затворени за сообраќај
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2021
По вчерашната сончевата
сабота, во Хрватска утринава има сосема поинаква слика - облачно и врнежливо
време, со снег не само на планините, туку на некои места и во низините, пишува
ХРТ во својата прогноза за недела и наредните денови.
Пороен дожд утрово врне на Јадранот. И во текот на денот се очекуваат обилните врнежи од дожд да продолжат, но утринава најлоша е состојбата во Сплит.
Хрватскиот автомото сојуз предупредува дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места се затворени поради непроодност.
-На места има магла, а можни се и одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патиштата на планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема, соопшти ХАК. Поради вода на коловозот, затворени се локалните патишта во Вргорац. Според метеоролозите, во Хрватска попладне и навечер се прогнозира снег.