28 Март, 2024
0.0241

Потпис и од Македонија за размена на даночни информации: нов обрач околу даночните тајни

Објавено во: Финансии 19 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Македонија конечно ја потпишала Конвенцијата  за заедничка административна помош за даночни прашања на Организацијата за економска соработка (ОЕЦД) и на Советот на Европа. Со потписот државата поактивно се вклучува во борбата со даночната евазија и со сивата економија на глобално ниво, односно за тие цели со другите држави автоматски ќе разменува податоци.

„Станува збор за Kонвенција потпишана од повеќе од 120 држави. Taa овозможува даночна соработка меѓу потписниците преку размена на информации, соработка при наплата на даноци, заеднички даночни контроли и слично. Конвенцијата претставува глобален инструмент за даночна соработка помеѓу државите и воедно најопширна мултилатералнa конвенција за размена на информации и даночна соработка. Меѓу земјите потписнички се и земјите од Г-20 и земјите членки на ОЕЦД. Од регионот потписнички на конвенцијата се Албанија, Бугарија, Хрватска и Словенија“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Инаку оваа конвенција беше првично создадена во 1988 година, а протоколот е усвоен во 2010 година. Станува збор за значаен мултилатерален инструмент достапен за сите форми на даночна соработка. Моментно потпсиници се 124 земји, а на списокот Македонија уште не фигурира што значи дека нашиот потпис ќе биде 125 по ред. 


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“