20 Април, 2024
0.0273

Потпишан договор со ЕБОР од 13 милиони евра за изградба на електронски систем на наплата долж Коридор VIII

Објавено во: Финансии 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Побрз транспорт, олеснет проток на возила без гужви во сообраќајот и електронски систем за наплата на патарини низ целата земја, ќе обезбеди “Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини долж Коридорот VIII и автопатот Миладиновци-Штип”, за кој денеска се потпишаа договори за финансирање во Министерството за финансии. Договорите ги потпишаа министерката за финансии Нина Ангеловска, директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава Анди Аранитаси и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов, а на потпишувањето беше присутен и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

Вкупната вредност на проектот е 13,7 милиони евра, од кои 13 милиони евра се обезбедуваат од Европската банка за обнова и развој и 700 илјади евра ги обезбедува Јавното претпријатие за државни патишта од својот буџет.

-Вложувањето во подобра инфраструктура е еден од клучните приоритети на оваа Влада. Приоритет е и подобрувањето на услугите кои ги добиваат граѓаните од државата. Од таа причина, договорот кој го потпишуваме денеска со Европската банка за обнова и развој е од исклучително значење за сите нас. Со имплементација на овој договор ќе се обезбеди побрз и полесен транспорт, без гужви на патарина, зголемена безбедност во сообраќајот, и воведување на електронски систем за патарини на територијата на целата земја - рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Таа додаде и дека преку проектот ќе се подобри ефикасноста на наплатата на патарини, што пак ќе придонесе зголемување на обемот на приходи на ЈПДП и нивно користење за подобрување на одржување на патната мрежа во земјава.

Со проектот се предвидува надградба и модернизација на постојните наплатни станици за патарина долж Коридорот VIII, како и изградба на три нови наплатни станици за патарина на автопатски делници кои се во тек на изградба - две на автопатoт Миладиновци-Штип и една на автопатoт Кичево-Охрид. Исто така се предвидува инсталација на опрема за поврзување на надградените и новите наплатни станици за патарина со оперативниот центар за патарини во Петровец. Издвоени се средства за дизајн и изградба на дополнителна лента за зголемување на капацитетот на наплатната станица за патарина на Миладиновци долж Коридорот VIII. Ќе се инсталираат фотоволтаични соларни панели на сите постојни и нови наплатни станици за патарина, кои се градат на целата автопатска мрежа во Република Северна Македонија. Во рамки на Проектот предвидени се и средства за одржување и задолжителни резервни делови за постојните наплатни станици за патарина долж Коридорот VIII и три нови наплатни станици за патарина на автопатските делници.

Директорот на Канцеларијата на ЕБОР истакна дека Банката поддржала седум проекти во патната инфраструктура во земјата во висина од 360 милиони евра. Тој посочи дека овој проект е всушност втора фаза од спроведувањето на централизираниот електронски систем за наплата на патарини.

-Со проектот ќе се поддржи користењето обновлива енергија од фотоволтаични соларни панели за снабдување на сите наплатни станици за патарина ширум земјата со енергија. Воедно, овој проект ќе придонесе за намалување на емисијата на штетни гасови бидејќи ќе се намали времето на чекање за корисниците на патиштата на Коридорот VIII. - рече Аранитаси, директорот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава.

Министерот за транспорт и врски Сугарески истакна дека Електронскиот систем за наплата е дел од Интелегентниот транспортен систем со кој ќе се модернизира транспортот и ќе се зголемиме функционалноста, безбедноста и предвидливоста на сообраќајот на патиштата.

-Наша конечна цел е да создадеме хармонизиран транспортен сектор, интегриран во европскиот систем на транспортни мрежи, кој ќе го стимулира економскиот развој на земјата и ќе биде од бенефит не само за граѓаните денес, туку и за генерациите што следуваат - рече Сугарески.

Директорот на ЈПДП Китанов истакна дека како резултат на проектот се очекува зголемување на проток на возила и соодветно зголемување на приходите од патарини. Истовремено ќе се зголеми комфорот за крајните корисници на патиштата, значително ќе се намали можноста за манипулации и ќе се воспостави интероперабилен систем за електронска наплата со врвна технологија.

Условите под кои се зема заемот од ЕБОР се исклучително поволни - каматната стапка од 6-месечен ЕУРИБОР плус 1% (односно во моментот 1% камата) и рок на отплата од 15 и пол години со грејс-период од 4 години.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин