24 Април, 2024
0.0311

Пендаровски ги разреши старешините што ги унапреди Иванов

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски, потпиша укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во Армијата, соопштуваат од неговиот кабинет. Претседателот Пендаровски постапи по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата, која утврдила дека поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, со донесените укази за поставувања во Армијата на 25 февруари гоиднава за време на изборниот период сторил дејствија што се забранети за време на изборниот процес.

Пендаровски го разреши бригадниот генерал Јордев Драган Орце, и го постави за заменик на командантот на Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Еве кои други промени се направени:

- Бригадниот генерал Ѓоргоски Тито Мирче е отповикан од воен претставник на Република Северна Македонија при НАТО во Брисел, Кралство Белгија.

- Разрешен е полковник Ковачки Ѓорѓи Драган од командант на 1. Механизирана пешадиска бригада во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

-Полковник Емини Сабедин Бесник е разрешен од началник на штаб во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија и се поставува за командант на 1.Механизирана пешадиска бригада во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

- Полковник Јуришиќ Мирослав Маријо со указ се отповикува и се поставува за одбранбено аташе на Република Северна Македонија во Париз, Република Франција.

- Началникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски, со указ од 25 февруари 2019 година беше унапреден од чин генерал-мајор во чин генерал-потполковник. Во Законот за одбрана нема законски основ за одземање на чин, освен доколку носителот на чинот е лично одговорен за определени противзаконски дејствија, како што се кривично дело или тешка дисциплинска повреда.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи