ПОТРЕБНИ СЕ 80 ГЛАСОВИ: Законот за јавно обвинителство ќе се гласа денеска
Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2020
Пратениците денеска ќе гласаат за Законот за ЈО и ќе се распушти Собранието.
На 12 април треба да се одржат предвремени парламемнтарни избори.
Неизвесно е дали ќе бидат обезбедени потребните 80 гласови за Законот за јавно обвинителство. Од ДУИ, Алијанса за Албанците и од Беса рекоа дека ќе го поддржат законот.
Oд власта тврдат дека овој закон е неопходно да се донесе за европска иднина на земјата.