ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ: Mинималната кошничка поскапе
Објавено во: Економија 10 Мај, 2021
Повеќе пари се потребни за да го поминеме месецот. Синдикалната кошничка поскапе за 200 денари во однос на март.
Пресметките на синдикатот покажуваат дека вредноста на синдикалната кошница во април изнесувала 33.976 денари од кои најмногу или 14.332 денари се потребни за храна и пијалоци и 10.809 за комуналии. Остатокот е за превоз, хигиена, облека и обувки.
Синдикалната кошничка со која се пресметуваат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во април е зголемена за 204 денари. Ова зголемување е резултат на зголемувањето на трошоците за живот во април и тоа на храната и пијалоците за 1,2 проценти, хигиената за 1,1 процент и на облеката за еден процент. Од ССМ велат дека нивното барање за раст на минималната плата е оправдано затоа што нити просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат минималната кошница.
Овој проблем се провлекува со години.
foto freepik