29 Септември, 2024
0.0285

ПОТВРДЕНО: Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро со силно загадени води

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се класифицираат во Класа 4, која се однесува на силно еутрофична, загадена вода, која во природна состојба може да се употребува за други намени само по одредена обработка. Ова го покажува мониторингот на квалитетот на водите од трите езера што оваа година го спроведе Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“.

Според микробиолошките анализи, во Дојранско и Тиквешко Eзеро се детектирани колиформни бактерии од фекално потекло, кои ги класифицираат езерата во Класа 3 и 4. Микробиолошко загадување од Класа 3 значи дека водите може да се употребуваат за наводнување, а по обработка и во индустријата на која не ѝ е потребна вода со квалитет за пиење, додека загадувањето од Класа 4 не дозволува оваа вода да се користи за рекреација. На локални фекални загадувања укажуваат и концентрациите на нитритите кои варираат во текот на пролетната и есенската сезона во сите три езера, па има повремена појава на концентрации во Класа 3-4. Нитритот е многу токсичен за рибите и целиот жив свет.

Во Беровско и Тиквешко Езеро на есен значително се зголемуваат концентрациите на вкупниот фосфор и достигнуваат Класа 4. Ова укажува на можно загадување на водите во овие езера заради прекумерна употреба на ѓубрива во земјоделството, нетретирани комунални води и испуштања од фарми или пречистителни станици. Во Дојранско Езеро мерливи концентрации на вкупен фосфор не се детектирани.

Кога станува збор за растворени метали во водите, во Дојранско Езеро, концентрациите на бакар покажуваат пречекорувања во одредени проби во пролетните и есенските мерења и се категоризирани во Класа 3-4. Во есенските мерења е детектирано пречекорување и кај железото. Во Тиквешко Езеро на есен се јавуваат благо зголемени концентрации на олово и значително зголемени концентрации на кадмиум. Хроничната изложеност на кадмиум може да доведе до големи негативни ефекти врз водните организми и заради тоа треба да се извршат дополнителни истражувања за да се утврди изворот на овој токсичен метал.

Според хемиската потрошувачка на кислород во водите, која исто така претставува показател за загаденоста на водите, Дојранско Eзеро достигнува Класа 3, додека водите од Тиквешко и Беровско Eзеро се класифицираат во Класа 2. Зголемената хемиската потрошувачка на кислород во Дојранско и Тиквешко Езеро е поради високи нивоа на растителна материја во распаѓање, а состојбата ја влошуваат комуналните и индустриски отпадни води, додека во Беровско Езеро, на есен, се должи на енормното намалување на нивото на водата во езерото.

Имајќи ги предвид индикациите на повремен висок степен на загаденост на водите во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро, неопходни се дополнителни и континуирани анализи на сите показатели на квалитетот на езерските води, а пред сè на еутрофикацијата и кислородниот режим, кои ќе дадат појасна слика за можните извори на загадување и мерките за подобрување на квалитетот на водите во езерата.

Мониторингот беше спроведен од април до ноември оваа година за да се утврди квалитетот на водата во Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро, кои се користат за различни намени - туризам и рекреација, наводнување и водоснабдување, и тоа во два периода од годината - на пролет кога се полнат со вода и на есен кога нивото на сите езера е на најниско ниво. Водите во овие езера се класифицирани според правилото дека најниската класа определена за одреден показател, како што се микробиолошкото загадување, нутриентите кои се параметри на еутрофикација и кислородниот режим, ја определува генералната класа на водното тело. Според намената и степенот на чистотата на водите, тие се распоредуваат во 5 класи, и тоа: Класа 1 - многу чиста, олиготрофична вода, Класа 2 - малку загадена, мезотрофична вода, Класа 3 - умерено еутрифична вода, Класа 4 - силно еутрофична, загадена вода, и Класа 5 - многу загадена, хипертрофична вода. Мониторингот и хемиските анализи ги изврши Лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот „Гоце Делчев“, а микробиолошките анализи беа направени во Центарот за јавно здравје – Штип.

Целосниот извештај од мониторингот на квалитетот на водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро можете да го преземете ТУКА.


Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки