ПОТВРДЕНО: Кумановски „Рапид Билд“ ќе го гради гасоводот до Грција

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2025 14:29
Европската инвестициска банка му потврди на националниот оператор на системот за пренос на гас „Номагас“ дека се согласува со понудата поднесена од кумановската компанија „Рапид Билд“ за изградба на гасоводот во Македонија до границата со Грција.
Македонската страна ја прифати понудата на оваа компанија како најповолна уште во ноември лани, но се чекаше одобрување од ЕИб како кредитор на проектот. Писмото со одобрување пристигнало во текот на минатата недела.
Во наредните две недлеи треба да биде потпишан договорот со „Рапид Билд“, по што компанијата за брзо време треба да се фати со работа на терен. Грчката страна од гасоводот веќе одамна е започната со изградба.
Вкупната инвестиција е околу 60 милиони евра. Интерконекторот од грчка страна е речиси готов. Тој е со должина од 123 километри, а македонскиот дел 67 километри и е од Гевгелија до Неготино. Ваквото поврзување со јужниот сосед треба да обезбеди гас од повеќе извори. Во моментов прекуграничната врска е само преку Бугарија.
Можеби ќе ве интересира
Аргир во „Бизнис-клуб“: „Комората како двигател на економијата и мост помеѓу компаниите и државата“

ДОБРИ ДОМАЌИНИ ЗА ДОБРОТО НА КОМПАНИЈАТА - „Реплек“ ќе дели добра дивиденда, ама не се „расфрла“, еве колку ќе земат главните акционери

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ
