Повеќе од 16.000 молњи над Загреб за два часа
Објавено во: Балкан 17 Јуни, 2019
„Istramet“ наведува дека во рок од два часа се регистрирани дури 16.360 удари од молњи во Загреб.
Загреб синоќа го погоди страшно невреме со молњи и грмежи, а потоа почнало силно да врне град. Во попладневните часови силно невреме го зафати западниот дел од Славонија и околината, а паѓал град со големина на голф топче кој оштетил неколку автомобили.