25 Април, 2024
0.0288

Повеќе од 30 говорници од 9 држави ќе учествуваат на првата Конференција за е-трговија во Македонија

Објавено во: Мои пари 15 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

– Организаторите на првата годишна македонска Конференција за е-трговија, која ќе се одржи на 26-ти октомври во хотел Мериот во Скопје, ја објавија финалната програма. Агендата е составена од поздравни обраќања, главни говори, панел дискусии и неколку изненадувања за учесниците, а ќе биде реализирана од страна на триесетина говорници од 9 држави. Покрај локалните учесници и експерти за е-трговија, ќе има говорници и од Калифорнија (САД), Велика Британија, Чешка, Словенија, Бугарија, Србија, Полска и Белгија. Агендата има специфичен формат со цел да ги покрие сите аспекти од циклусот на електронската трговија и ќе започне со генерална анализа на сегашната ситуација на пазарот, по што следи дискусија за можностите за ширење на достигот на локалните е-трговци во границите на ЕУ, а ќе заврши со презентации и дискусии на теми како да се направи добар маркетинг, да се обезбеди квалитетна поддршка и корисничко искуство, како правилно да се искористат системите за плаќање и како без проблеми да се достави нарачаниот продукт.

Конференцијата ќе започне со кратки поздравни говори и воведни обраќања од претседателот на АЕТМ и ко-основач на Групер, д-р Нина Ангеловска, Министерот за информатичко општество и администрација г-дин Дамјан Манчевски, Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој г-дин Јован Деспотовски, Гувернерот на НБРМ г-ѓа Анита Бежоска и Менаџерот за Бугарија и Македонија на Мастеркард (Mastercard), г-ѓа Вања Манова. Во овие поздравни обраќања, говорниците ќе споделат клучни факти, предизвици, статистики и очекувања за е-трговијата од нивните домени на работење.

Потоа, Директорот за владини работи на EMOTA (European eCommerce & Omni-Channel Trade Association), г-ѓа Тријн Сааг (Triin Saag), ќе одржи говор во кој ќе ги истакне клучните можности и предизвици за македонските е-продавници во границите на ЕУ, по што ќе следи првата панел дискусија во која учество ќе земат локални е-трговци (paket.mk, Pazar3.mk, kupikniga.mk, platinavrata.mk) кои ќе ги споделат своите искуства на домашниот пазар.

За компромисот помеѓу функционалностите кои носат удобност наспроти факторите за намалување на ризик, ќе говори г-дин Богдан Боченек, раководител во Одделот за управување со измами во Mastercard, по што следи нова панел дискусија на тема „Иднината на е-трговијата како продажен канал за големите трговци“, во која искуства ќе споделат директори од Македонски Телеком, оне.Вип, ЕВН, Еуролинк осигурување и Спорт Вижн (Sport Vision) Србија.

Потоа, учесниците на конференцијата ќе можат да слушнат за маркетинг и користење на гејмификација како тактика за привлекување и задржување на корисници од светскиот експерт на оваа тема г-дин Ју-каи Чу, кој е автор, говорник и извршен директор на компанијата Окталисис Груп (Octalysis Group).Продолжувајќи ја дискусијата на темата маркетинг, привлекување на нови корисници, искористување на алатки и последни трендови, своја презентација ќе има и г-дин Супратим Бисвас, главен директор за приходи во КлеверТеп (CleverTap), кој ќе зборува за ефектот на вештачката интелигенција и машинското учење врз маркетингот. Ќе презентира и г-ца Михаела Плесникова одКиви (Kiwi.com), компанија која генерира повеќе од 1 милијарда евра годишни приходи преку е-трговија, и ќе објасни како се гради добар е-комерц бизнис кој продава сам по себе.

На темата плаќања, главен говор ќе одржи г-дин Денис Поточник, ко-основач на еден од најуспешните е-трговци во Словенија,кој ќе зборува за бесплатни премиум процеси на наплата како нова ера во онлајн купувањето. Споредба на некогашните и сегашните процеси на плаќање ќе направи и г-ѓа Биљана Доновска Гечева, генерален директор на Касис (Casys). Темата ќе заврши со панел дискусија во која ќе учествуваат претставници на Народна Банка на РМ, НЛБ Банка, Халк Банка (HalkBank), Стопанска Банка а.д. Скопје и Касис (Casys), кои ќе дискутираат за сегашните начини на плаќање, како и за предизвиците и ограничувањата кои пазарот ги има во овој домен.

Формалната агенда на конференцијата ќе биде комплетирана со панел дискусија на тема достава, во која учество ќе земат претставници на Царинска управа на РМ, ДХЛ (DHL), Агенцијата за пошти и компанијата ЕкоВелосипедист. Ќе се дискутира за начините на кои продуктот може да биде испорачан до крајниот корисник.

На крај, учесниците ќе имаат можност за меѓусебно запознавање и размена на искуства на коктел забава поддржана од спонзорите на конференцијата.

Картите, можат да се купат онлајн со плаќање преку кредитна картичка или фактура на www.ecommerceconference.mk. Бидејќи интересот за картите е голем а количините се ограничени, купете ги вашите карти уште денеска! 

Генерален спонзор на конференцијата е Мастеркард (Mastercard),  златен партнер е ДХЛ (DHL), додека silver партнери се Акцент компјутери, ЕВН и Спорт Вижн (Sport Vision).  Домаќин и водител на конференцијата ќе биде познатиот актер Сашко Коцев. Организатор на конференцијата е Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, првата и единствена асоцијација во државата која цели кон инклузивна е-трговија и има мисија да создаде иднина за е-трговски развој и успех на земјата.


Можеби ќе ве интересира

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?