25 Април, 2024
0.0331

ПОВЕЌЕ ОД 60 ЗАРАЗЕНИ ВО ШТИПСКИТЕ КОНФЕКЦИИ: Во градот има најголем број новозаразени од почетокот на епидемијата

Објавено во: Македонија 15 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Се разгорува епидемијата на корона вирусот во Штип. Најголемиот број новозаразени се од петте штипски фабрики, за кои Фактор пишуваше претходно.

Од Центарот за јавно здравје на Штип потврдуваат дека бројката на вработени во конфекциите се зголемува, па сега изнесува шешто повеќе од 60 вработени кои се позитивни на корона вирусот.

-Денеска имаме највисока бројка на новозаразени од почетокот на епидемијата. Освен во петте конфекциски фабрики, денеска имаме и нов случај на инфициран вработен во уште една конфекција. Некои работат делумно, односно затвораат одредени погони, некои дури и денеска се на работните места, а некои пак целосно ги затворија погоните до понеделник. Според последниот 24 часовен пресек, во Штип денеска е највисока бројката на новозаразени, велат од Центарот за јавно здравје на Штип.

Инаку, како што претходно пишуваше Фактор, според изјавите на здравствените работници во Штип, постои голем ризик бројот на инфицирани со Ковид и понатаму да расте, особено меѓу работниците во фабриките, бидејќи станува збор за повеќе од 1.000 луѓе. 

Освен тоа, не се почитуваат ни мерките за заштита, односно носењето маска по улиците на Штип е реткост. 

-Денеска имаме сосема различна глетка, граѓаните кои излегоа на гласање беа сите со маски и ги почитуваа протоколите, но до вчера ситуацијата беше сосема поинаква, затоа расте и бројот на новозаразените. За жал, најверојатно истата практика ќе продолжи и по овој изборен ден, велат од Центарот за јавно здравје на Штип. 

Оттаму стравуваат дека многу бавно ќе оди ставањето под контрола на состојбата со корона вирусот

А.Б. 

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг