ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ГЕРМАНЦИТЕ: Скокна минималната пензија
Објавено во: Економија 11 Ноември, 2019
За две години, повеќе пари ќе добиваат германските пензионери. Скокна минималната пензија во Германија. Оваа мерка треба да стапи на сила во 2021 година. Планот на германската влада ќе ги опфати и вработените со најниски приходи кои се грижат за деца или роднини. Услов за добивање на овој паричен надомест ќе биде лицето да плаќа придонеси за социјално осигурување најмалку 35 години. Ваков додаток ќе добиваат и самците, доколку пензијата им е помала од 1.250 евра, како и двојките чии пензии се помали од 1.950 евра. Се проценува дека пензиски додаток ќе добиваат меѓу еден милион и двесте и еден милион и петстотини илјади пензионери. За овој додаток, државата ќе потроши една милијарда до милијарда и петстотини илјади евра.
Членови на владејачката коалиција, вклучувајќи ја и канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц, постигнаа договор во текот на преговорите кои траеја повеќе од шест часа. Основната пензија е додаток на пензијата, со што ќе се обезбеди оние што добиваат најнизок приход да можат да ги покријат своите основни трошоци за живот.