24 Април, 2024
0.0265

ПОВЕЌЕ ЗЕМЈИ НА ГОТОВС: Во Италија празни рафтови

Објавено во: Свет 24 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Во повеќе земји властите се подготвуваат за евентуална појава на коронавирус. 

Во просториите на Центарот за управување со кризи во тек е вонреден состанок на кој се разговара за состојбата и опасноста од коронавирус во Македонија. 

Министри и претставници од седум грчки министерства, учествуваа на денешниот состанок во премиерската палата, посветен на епидемијата на новиот коронавирус.

Од Клиниката за инфективни болести во Загреб известуваат дека во тек е тестирање на вкупно шест примероци на коронавирус (КОВИД-19), по еден од Сплит и Ријека и по два примероци од Загреб и Сисак.

Информациите за резултатите ќе бидат достапни по завршување на тестирањето, преку здравствените установи, од каде се испратени примероците на тестирање на Клиниката за инфективни болести во Загреб, согласно со Општата регулатива за заштита на податоци.

Во досегашните тестирања во Клиниката ниту еден примерок не бил позитивен на новиот коронавирус.

Во Италија е регистриран шестиот смртен случај од коронавирус, а се работи за жена која боледувала од канцер.

Таа вчера е префрлена во болница во Бреша, вториот по големина град во областа Ломбардија, каде е утврдено дека е заразена со новиот коронавирус.

Тоа е петта жртва во областа Ломбардија, а едно лице почина во областа Венето.

Шефот на државната служба за цивилна заштита Анџело Борели изјави денеска дека 219 лица во Италија се заразени со Ковид-19.

Појавата на опасниот вирус во Италија буквално ги избезуми жителите на Апенинскиот Полуостров. Корисници на социјалната мрежа Твитер објавија неколку видеа на кои може да се забележат празните рафтови во италијанските супермаркети.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина